Офицер за усогласеност/ правник
Компанијата ЕКОЦЕНТАР 97 активно се занимава со управување на отпад повеќе од 20 години и денес е една од водечките компании во регионот. Нашата дејност вклучува управување со отпад од метали, електронски отпад и опасен отпад. Во моментов, имаме отворена позиција за
Офицер за усогласеност (правник).
Искуството е приоритет во однос на останатите квалификации.
- Подготовка на договори на англиски и македонски јазик;
- Да обезбеди усогласеност со законите релевантни за дејноста на компанијата, како и континуирано следење на измени во законите;
- Подготовка на правни акти (тужби, одлуки, правилници, решенија и сл.);
- Друга административна работа (подготовка на формулари, извештаи и сл.).
- Завршено високо образование (дипломиран правник);
- Претходно работно искуство од минимум 3 години;
- Одлично познавање на англискиот јазик;
- Познавање на Microsoft Word и Microsoft Excel;
- Познавање на Закон за трговски друштва и Закон за облигационите односи;
- Предност доколку имате познавање на Законот за Управување со Отпад, други поврзани национални и меѓународни закони и правилници, но не е задолжително;
- Проактивност, експедитивност и темелно завршување на работните задачи;
- Добри комуникациски и организациски способности.
Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за работа на определено време од 3 (три) месеци со можност за продолжување на договорот на неопределено. Постои можност за напредување и бонус во зависност од перформансот.
Работните задачи ќе се извршуваат со полно работно време од 8 (осум) часа на ден. Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира и ќе зависи од работното искуство на кандидатот.
Доколку ги имате потребните квалификации, пратете ни CV со кратката биографија, диплома за завршено образование и копијата од дополнителни сертификати (доколку има) преку полето Брза Апликација, со назнака “За позиција офицер за усогласеност”.