Vrabotuvanje.com - Техничко лице за управување со опасни материи - Скопје - ЕКОЦЕНТАР 97 ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Техничко лице за управување со опасни материи

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕКОЦЕНТАР 97 ДООЕЛ

Техничко лице за управување со опасни материи

Компанијата ЕКОЦЕНТАР 97 активно се занимава со управување на отпад повеќе од 20 години и денес е една од водечките компании во регионот. Нашата дејност вклучува управување со отпад од метали, електронски отпад и опасен отпад. Во моментов, имаме отворена позиција за
Техничко лице за управување со опасни материи.
Искуството е приоритет во однос на останатите квалификации.

Опис на работно место:
  • Давање насоки за безбедно ракување со опасен отпад;
  • Подготовка на планови за препакување, складирање и транспорт на опасен отпад;
  • Учество во препакување на опасен отпад;
  • Теренски посети за увид и проценка на отпад и земање на проби за хемиска анализа.
Професионални квалификации:
  • Задолжително претходно работно искуство со ракување со опасни материи;
  • Познавање на основни принципи на работа со опасни материи;
  • Способност за читање на техничка документација;
  • Завршено високо образование (инженер за животна средина, инженер за еколошка санација, хемиски инженер, технолошки инженер или друго релевантно образование);
  • Познавање и употреба на заштитна опрема при ракување со опасни материи;
  • Познавање и практикување на стандардите за безбедност и здравје при работа и стандарди за заштита на животната средина;
  • Познавање на Microsoft Word и Microsoft Excel;
  • Предност доколку има познавање на англискиот јазик (читање, пишување и говорење);
  • Предност доколку имате завршени обуки за безбедност и здравје при работа или доколку имате положено стручен испит за управител со отпад.
  • Предност доколку имате познавање на Законот за Управување со Отпад, како и на меѓународните правилници за транспорт и пакување на опасен отпад.
Други вештини и способности:
  • Проактивност, експедитивност и темелно завршување на работните задачи;
  • Добри комуникациски и организациски способности.

Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за работа на определено време од 3 (три) месеци со можност за продолжување на договорот на неопределено. Постои можност за напредување и бонус во зависност од перформансот.

Работните задачи ќе се извршуваат со полно работно време од 8 (осум) часа на ден. Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира и ќе зависи од работното искуство на кандидатот.

Доколку ги имате потребните квалификации, пратете ни CV со кратката биографија, диплома за завршено образование и копијата од дополнителни сертификати (доколку има) преку полето Брза Апликација, со назнака “За техничко лице за управување со опасен отпад”.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде