Vrabotuvanje.com - Машински техничар за одржување на објект - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Машински техничар за одржување на објект

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА



КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
Машински техничар за одржување на објект – (Mechanical Technician – Facility Maintenance) 
 
 
Работни задачи и одговорности:
  • Инсталирање и одржување на механичката опрема
  • Вршење на редовно, превентивно одржување на механичката опрема
  • Вршење вонредни /непланирани поправки на механичката опрема за време на производството и изведување закажани поправки на механичката опрема за време на работа на машината
  • Дијагностицирање проблеми, замена и поправка на делови, тестирање и прилагодувања на истите
 
Образование, искуство, вештини: 
  • ССС oд Машинска струка.
  • 2+ години искуство со машинско одржување
  • Претходно искуство со одржување на чилери; ладилници; кондензатори; компресори за компримиран воздух и индустриски котли
  • Познавање на единиците за ракување со воздухот (AHU)
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) 
  • Познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори); 
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство. 

Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;  
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Машински Техничар за Одржување ", преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде