Специфични задачи и одговорности на работната позиција:
- Учествува во креирање и имплементација на стратегии за промоција на компанијата;
- Врши координирање и спроведување на сите маркетинг кампањи на сите медиуми;
- Активно учествува во креирањето на нови производи, дизајни и други креативни решенија;
- Врши планирање, организирање, координирање и контролирање на сите дефинирани BTL, ATL маркетинг активности;
- Организира и координира настани;
- Врши координација и управување на работата со агенциите со цел добивање на соодветни креативни, комуникациски и медиумски стратегии;
- Учествува во следењето на ефектите од спроведените кампањи;
- Следење и анализа на пазарните трендови;
Потребни квалификации:
- Минимум 3 години работно искуство во маркетинг;
- Високо образование (од областа на маркетинг, комуникации или бизнис ќе се смета за предност);
- Тимски дух, организираност и систематичност во работењето;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Активно работење со компјутери (MS Office);
- Развиени презентациски и комуникациски вештини;
- Совесност, одговорност и самомотивираност;
Ви нудиме:
- Работа во динамична, професионална и стимулативна средина;
- Можност за напредување и понатамошно усовршување во работата;
- Позитивна тимска атмосфера;
- Обезбеден оброк.
Општи правила за аплицирање:
- Именување на документот за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
- Назнака на позицијата за која се аплицира.
Со Вашата апликација давате согласност за задржување на испратените податоци во базата за идни вработувања на компанијата во рок од 1 (една) година. Истите ќе бидат третирани со максимална доверливост и заштита.
Висината на основната плата ќе биде дефинирана врз основа на повеќе параметри како што се предходно работно искуство и исполнување на наведените критериуми од страна на кандидатот.
Во зависност од бројот на пријавените кандидати, изборот на кандидат ќе се изврши во период од 30-90 дена по истекот на рокот за аплицирање.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.
Конкурсот е отворен 10 работни денa од неговото објавување (од 29.03.2022 до 11.04.2022).
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг на селекција, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака за позицијата на која кандидатот аплицира, НЕМА да бидат разгледани!