КАМ Косово е дел од компанијата КАМ доо кој претставува најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.
Бараме амбициозни вработени, ангажирани и високомотивирани личности кои ќе придонесат за натамошниот успех и развој на нашата компанија и нудиме возбудливи задачи и проекти во динамична и интернационална средина, и со цел проширување на нашиот тимот во сектор опрема, градба и експанзија во Косово, бараме личност која ќе се придружи на нашиот тим на позиција:
СОРАБОТНИК ЗА ЕКСПАНЗИЈА ЗА РЕОН КОСОВО
Ваши задачи:
- Учество во планирање на стратегија за експанзија на компанијата согласно концептот на компанијата
- Учествува во анализата на пазарот на земјиште и недвижности релевантни за браншата на малопродажба
- Анализа на региони , учество во процеси поврзани со преговори за земјишта и недвижности
- Следење на јавни понуди на недвижности
- Следење на договорни обврски во врска со недвижностите
- Анализа на режиски и комунални трошоци за недвижностите
- Месечни извештаи и повремени презентации на недвижности
- Општи Административни задачи
Вашиот профил:
- Високо Образование со економска, градежна или правна насока
- Mин работно искуство од 2 год. на иста или слична дејност ќе се смета за предност
- Познавање на англиски јазик-задолжително
- Познавање на српски/македонски јазик-пожелно, ќе се смета за предност
- Одлично познавање на MS Office пакетот;AutoCAD
- Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси
- Педантност, организациски способности и комуникативност
- Волја за успеси и постигнување на цели со мотивиран тим
- Поседува возачка дозвола Б категорија
Ние нудиме:
- Обемно воведување во работата со обука која ветува напредок и успех во работата. Интензивно ќе бидете обучувани и ќе се запознаете со инструменти коишто подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојно извршувањето на Вашите деловни задачи
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ Kosovo SH.P.K, Graçanicë,,Suhodoll-Magjistralja, Lipjan-Prishtinë ,10000, Prishtinë или на E-mail: jobs.ks@kam-market.mk
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.