Фондација ХОРИЗОНТИ, е микрокредитна организација која повеќе од 20 години обезбедува пристап до финансиски средства до микропретприемачите, индивидуални земјоделци и друго население со ниски приходи. Во момент брои околу 45 вработени и има опслужени преку 20,000 клиенти. Во рамки на долгорочните деловните планови и систематизацијата на работни места се формира сектор за правни работи и усогласување со законитоста, при што има потреба од вработување на:
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРАВНИ РАБОТИ И УСОГЛАСУВАЊЕ СО ПРОПИСИТЕ
(LEGAL & COMPLIANCE OFFICER)
Работни задачи и обврски
- Ги изготвува, ревидира и контролира интерните акти поврзани со правните аспекти од кредитното работење (договори со клиентите, обезбедување, согласности и сл.)
- Активно комуницира, ја утврдува и одржува работата со надворешните страни: адвокати, нотари и извршители вклучени во застапувањето, кредитното работење и наплатата;
- Ја изготвува и процесуира документацијата за присилна наплата, врши мониторинг врз извршувањето и управува со портфолиото во присилна наплата;
- Одржување на знаење и следење на прописите за релевантните прашања, закони и регулативи, правила и добри практики за кредитирање и одржување во чекор со сите промени за соодветна и најдобрата пракса во смисла на усогласеност на работењето и подобра конкурентност;
- Учествува во извршувањето на активностите за идентификација, проценка, следење и контрола на ризиците од усогласување во работењето;
- Има советодавна функција за менаџментот во однос на усогласеноста на Фондацијата со важечката легислатива;
Потребни знаења/вештини:
- Претходно работно искуство од нaјмалку 3 години поврзано со работните задачи и обврски погоре наведени;
- Познавања на регулативата во делот на: закон за облигациони односи, закон за заштита на потрошувачите, закон за заштита на лични податоци и закон за спречување на перење на пари и финансирање тероризам;
- Завршено високо образование – Дипломиран правник;
- Одлично познавање на англиски јазик, деловна кореспонденција и говор;
- Познавање и активно користење компјутерски алатки (MS Office, Outlook)
Што нудиме Ние:
- Работно време од понеделник до петок од 8:00 – 16:00ч.
- Дополнителни обуки и можности за стручно усовршување и професионален напредок;
- Пријатна тимска работна атмосфера;
Услови за аплицирање
Сите заинтересирани кандидати треба да испратат свое CV и мотивационо писмо (опционално) преку полето Брза Апликација.
Со Вашата апликација давате согласност за задржување на испратените податоци во базата за идни вработувања на компанијата во рок од 1 (една) година. Истите ќе бидат третирани со максимална доверливост и заштита.
Огласот е отворен 10 работни денa од неговото објавување (од 04.04.2022 до 15.04.2022).