Друштво за производство, трговија и услуги
РЕНОВА ДОО експорт - импорт с. Џепчиште, Тетово
Објавува ОГЛАС за вработување на:
АРХИТЕКТ
- Универзитетско образование – Архитектонски факултет
- Поседување на Овластување за проектирање на градби како одговорен проектант од архитектура (Б)
- Поседување на Овластување за надзор над изведување на градби и Овластување за изведба на градби ќе се сметаат за предност
- Работно искуство
- Напредно познавање на работа со компјутери (АCAD, MS Office, MS Project)
- Познавање на законската регулатива од областа на градењето - Закон за градење и други позитивни законски прописи и подзаконските акти од областа на градeњето
- Познавање на англиски јазик
- Раководење, обезбедување и координирање на проекти и усогласување, контрола и синхронизација на сите фази на проектирање
- Дефинирање на потребниот буџет и временските рокови за проектот
- Одржување на ефективни релации со клиентите
- Познавање на оперативни практики на градежништвото, следење и проучување на стандардите и нивните промени
- Оперативни и административни обврски врзани за тековно работење
- Одлични комуникациски вештини
- Одлични организациски способности
- Наклонетост кон тимска работа, самостојност и иницијатива
- Мотивиран за работа со висок квалитет
- Креативност и упорност во остварување на поставените цели
- Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање решенија
- Желба за континуирано професионално усовршување
Доколку ги исполнувате горенаведените квалификации, Ве покануваме да испратите Ваша лична биографија (CV) преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака „Архитект“.
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!