Друштвото за проектирање, надзор и инжинеринг ИНСТИТУТ ЗА ПАТИШТА ДООЕЛ Велес е компанија лоцирана во Македонија, чија примарна дејност е проектирање и стручен надзор над изведба на патишта. Поради зголемен обем на работа Друштвото за проектирање, надзор и инжинеринг ИНСТИТУТ ЗА ПАТИШТА ДООЕЛ Велес има потреба од вработување на
Административен асистент
Идеалниот кандидат би бил високо мотивирана и одговорна личност, ориентирана кон детали и запазување на рокови, и добар тимски играч во тим на млади професионалци.
Опис на работнo место:
- Поради потреба од административна помош во спроведувањето на тековните и идните проекти, во потрага сме по одговорна, трудољубива, љубезна личност, ориентирана кон детали, личност која почитува зададени рокови, добар тимски играч и со познавање на Aнглиски јазик (пишан и говорен)
Минимум потребни квалификации:
- Образование: Минимум ССС
- Работно искуство: Претходно искуство на слична работна позиција ќе се смета за предност
- Познавање на канцелариско работење
- Познавање на Англиски јазик (пишан и говорен)
- Познавање на Excel и MS Office алатки
- Возачка дозвола „Б“ категорија
Опис на работни задачи:
- Прием на повици, интензивна телефонска и е-маил кореспонденција
- Подготовка на документи, архивирање и праќање и прием на пратки
- Изготвување на фактури и останата административно - финансиска документација
- Подготовка и достава на документација до сметководството
- Водење на архивата и следење на реализацијата на договорите
- Други работи од значење на проектите кои се во тек
Нудиме:
- Плата 22.000 денари
- Годишен одмор од најмалку 20 работни дена
• По пошта на адреса: ул. Даме Груев бр. 18, Скопје најдоцна до 21.04.2022 година.
Работното време започнува од 08:30 часот до 16:30 часот во просториите на ИНСТИТУТ ЗА ПАТИШТА ДООЕЛ Велес кои се наоѓаат на ул. Даме Груев бр. 18 - Скопје.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.