Vrabotuvanje.com - Администратор за база на податоци - Скопје - УНИ БАНКА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Администратор за база на податоци

Скопје

Рок за пријавување:

  • УНИ БАНКА


 

Администратор за база на податоци
 
 
Кандидатот треба да ги задоволува следните услови:
  • Да има завршено најмналку четиригодишно високо образование ВСС од областа на информатика и информатички технологии (Природно математички факултет, ФЕИТ,ФИНКИ);
  • Најмалку 2-годишно искуство со Oracle Database 11g/12c бази на податоци;
  • Најмалку 2-годишно работно искуство со MS SQL Server бази на податоци;
  • Најмалку 2-годишно искуство во работа со Linux OS;
  • Најмалку 2-годишно искуство со SQL и PL/SQL;
  • Предност е поседување на ORACLE сертификати;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија;
  • Да не е осудуван (потврда од суд не постара од 1 ден на денот на поднесување на апликација за работен однос – документација во архива на УНИ Банка А.Д.);
  • Да наведе контакти во CV за претходно работно искуство од фирми заради потврда за успешно реализирани проекти и администрација при што во предвид се зема доверливоста на информациите.
 
Опис на работно место и одговорности:
  • Планирање, инсталација, конфигурација, администрација и одржување на Oracle бази на податоци во Single Instance и RAC околина;
  • Одржување на физичкиот и логичкиот интегритет на базите;
  • Управување со просторот за складирање на базите на податоци;
  • Управување со сигурноста на базите на податоци;
  • Backup и Restore на базите на податоци;
  • Периодично архивирање на off-site backup локација, репликација на базата на податоци со Data Guard, тестирање на Data Guard и повторно воспоставување на Data Guard;
  • Инсталација и конфигурација на Oracle клиентски софтвер;
  • Изготвување на технички упатства за работа со Oracle бази на податоци и придржување кон овие упатства;
  • Извршување на активности на одржување на бази на податоци вон работно време, сабота и недела;
  • Приправност за интервенција на повик во случај на проблем со базите на податоци.
 
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик преку полето Брза Апликација или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 30.04.2022 година.
 
Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законските прописи.
 
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk  

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Банкарство изнесува 34.278 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде