Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (Правен факултер или Филолошки факултет)
- Одлично познавање англиски јазик (говорење, читање, пишување и комуникациски вештини потребни за ефикасна и професионална коресподенција во писмена форма)
- Активно работење со компјутери и познавање на MS Office алатките
- Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство како технички администратор најмалку една година
Одговорности и задачи:
- Ги координира и врши канцелариските работи во Дирекцијата на Проектот;
- Врши деловна комуникација со одговорните лица во друштвото и деловните партнери.
- Врши усмен и писмен превод на документи и други материјали
- По налог на Директорот на Проектот закажува и води записници од состаноци;
- Врши прием, отварање и рaспределување на поштата на Работната единица, како и на електронското сандаче на Проектот
- Уредно ја сортира и чува документацијата за Проектот;
- Требува потрошен канцелариски материјал и одговара за постојано снабдување со истиот;
- Води електронска архива и е одговорен за нејзиното уредно одржување
- Врши административни работи
Компанијата нуди:
- Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување
- Стабилност и можност за личен развој
- Градење на успешна кариера
- Можност за надградба на професионален план
- Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
- Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
- Работа на објект Автопат Кичево-Охрид
Личен профил:
- Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети
- Силни интерперсонални вештини и способности за ефикасно здружување во тим
- Лојалност, иницијативност, самомотивираност, темелност, енергичност
- Способност за координација и работење со рокови
- Висока работна етика
- Доверливост
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07,30 до 15,30 часот.
Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае десет работни дена од објавувањето.
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk.
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција..