Vrabotuvanje.com - Дипломиран градежен инженер без искуство - Скопје - ГД ГРАНИТ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Дипломиран градежен инженер без искуство

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГД ГРАНИТ АД Скопје

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.

ГД Гранит АД Скопје има потреба од

Дипломиран градежен инженер без искуство -2 извршители


1. Служба за изготвување на калкулации за нискоградба и хидроградба – 1 извршител
 
Потребни квалификации:
  • Дипломиран Градежен инженер
  • Напредно познавање на работа со компјутери 
  • Активно познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски јазик
  • Вештина во организирање на ресурси и воспоставување на приоритети
 
2. Служба за изготвување на калкулации за високоградба – 1 извршител
 
Потребни квалификации:
  • Дипломиран Градежен инженер
  • Напредно познавање на работа со компјутери 
  • Активно познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски јазик
  • Вештина во организирање на ресурси и воспоставување на приоритети
Компанијата нуди:
  • Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување
  • Стабилност и можност за личен развој
  • Градење на успешна кариера
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
  • Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
Личен профил:
  • Способност во организирање  на ресурси и поставување на приоритети
  • Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија 
  • Тимски ориентирана личност
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и во дадени рокови
 
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08,00 до 16,00 часот.

Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае десет работни дена од објавувањето.
 
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи. 
 
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk. 
 
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција..

Известување за заштита на лични податоци на кандидатите за вработување

  • Процес на обработка на лични податоци: Селекција на кандидати за вработување во ГД ГРАНИТ АД Скопје
  • Правен основ: Закон за заштита на личи податоци РСМ бр.42 од 16.02.2020
  • Контролор: ГД ГРАНИТ АД Скопје   
  • Кои лични податоци ги обработуваме и кој се има пристап до истите: Ние ги обработуваме само личните податоци кои ги имате наведено во Вашата лична биографија Пристап до Вашите лични податоци имаат само вработените и менаџерите кои се одговорни за спроведување на процесот за избор на кандидати и Генералниот директор на друштвото
  • Од каде ги добиваме Вашите лични податоци: Преку Вашата апликација на vrabotuvanje.com.mk или jobs@granit.mk
  • Зошто ги обработуваме Вашите лични податоци: Вашите лични податоци ги обработуваме за да избереме соодветен кандидат за отворената работна позиција
  • Чување на  вашите лични биографии: Во период од 6 (шест) месеци од денот на завршување на огласот
  • Повеќе информации за обработката на личните податоци од страна на Друштвото и начинот на остварување на правата на субјектите на личните податоци, можете да најдете на следниот линк

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде