Vrabotuvanje.com - Координатор за примероци - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Координатор за примероци

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 
КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
  
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено ПРОШИРЕНО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, заради својот развој и трансферот на нови технологии и проекти, има потреба од

Координатор за примероци
 

Цел на работа:
Координатор за примероци е позиција за управување со примероци во рамките на Производно Инженерство. Улогата на оваа функција е да го координира планирањето и извршувањето на сите активности на предсериски примероци за поддршка во индустријализацијата на нови проекти.
 
Управувањето со примероци мора да се смета како производствен процес во фазата на претпроизводство на нов проект. Тоа значи дека сите примероци мора да се планираат,со иста точност како сериското производство. Оваа позиција е врската помеѓу производството, логистиката и инженерството.


Работни задачи и одговорности:
  • Ориентирани кон резултат
  • Одговорен за поднесување на сите интерни нарачки за барања за примероци
  • Одговорен е да се осигура дека сите податоци се целосно достапни и точни пред да се поднесе барање за примерок
  • Одговорен за навремена ескалација за прашања кои не можат да се решат од страна на одделот
  • Одговорен за следење на сите примероци барања обезбедувајќи ги барањата и на системот и во ред за закажување
  • Одговорен за следење на сите барања за примероци за да се осигури дека точниот материјал и точната количина на материјал се достапни кога е потребно според распоредот за изградба на примерокот
  • Одговорен за управување со материјали на пред-сериски производни линии
  • Одговорен за управување со материјалот по продукцијата на примероци (суровини и готови производи)
  • Обезбедува прецизно известување за „планираното наспроти постигнатото“ за неделни изработка на примероци
  • Следење и почитување на упатствата дадени од претпоставените
 
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС од машински, електро факултет или сродна област
  • Познавање на стандардите на автомобилската индустрија (ISO-TS / IATF16949, ISO-9001, 14001, AIAG-FMEA, AIAG-APQP издание, VDA (обезбедување на ниво на зрелост на нови делови)
  • Познавање на LEAN методологија на производство
  • Познавање на процесите на склопување, како што се (прицврстување, навртување,  рачно склопување итн.) каде што е релевантно
  • Познавање на SMT производство / производство на PCBA 
  • Одлично познавање на англиски јазик (говори,чита,пишува)
 
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Проширено приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде