Vrabotuvanje.com - Комерцијалист за амбулантна продажба - Куманово - Куманово - БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Комерцијалист за амбулантна продажба - Куманово

Куманово

Рок за пријавување:

  • БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА

B.M Group е семејна групација, присутна на албанскиот и регионалниот пазар од 2004 година. Компанијата е ангажирана првенствено во директна дистрибуција во сите канали на продажба.
B.M Group со трговија и дистрибуција покрива 10 пазари под добро воспоставени, посебни правни лица во: Албанија, С.Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, Словенија, Словачка, Грција, Англија и САД.
B.M Group портфолиото има ексклузивност во продажбата на брендовите на Royal Swinkels Family Brewers кои се втори најголеми извозници на пиво во Холандија. Дел од брендовите се и Energy Drink B52, Bavaria Beers и други алкохолни и безалкохолни пијалоци

Фокусот на компанијата е на квалитетот, иновативноста и диференцијацијата.

Имаме потреба од:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА АМБУЛАНТНА ПРОДАЖБА
М/Ж – ЗА РЕГИОН: КУМАНОВО


РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Врши посета на зададен регион според рута за посета и преговара за продажба и изложување на производите со комерцијално/товарно возило (Volkswagen Caddy)
  • Се грижи за залихите, изгледот и позиционирањето на производите во постоечките продажни објекти
  • Континуирано освојува нови продажни места и професионални односи со постоечките клиенти
  • Презентирање и продажба на постоечки и нови производи  кај постоечките и потенцијални купувачи
  • Се грижи за комплетното портфолио и залихите кои треба да се испорачат
  • Одговара за исправноста и хигиената на задолжените средства (возило, технички апарати) и за соодветно чување, складирање и ракување со готовите производи кои се предмет на продажба
  • Договорање на поставување на дисплеи, полици у ладилници и нивна употреба
  • Ги следи активностите на конкуренцијата и дава предлози за подобрување на севкупното работење
  • Извршува останати работни задачи кои се доделени од претпоставените

ПОТРЕБНО ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО

  • Завршено минимум ССС
  • Минимум 1 година искуство во продажба на алкохолни/безалкохолни пијалоци или прехрана
  • Познавање на MS Office пакет
  • Возачка дозвола Б категорија
ЛИЧЕН ПРОФИЛ
  • Развиени комуникациски и продажни вештини
  • Проактивност, планирање на дневни/неделни/месечни активности
  • Уредност, одговорност и флексибилност
  • Тимски работник
ШТО НУДИМЕ
  • Работа со интернационални премиум брендови
  • Редовни месечни примања и можност за напредување
  • Месечни бонуси согласно остварени резултати во продажба и наплата
  • Дополнителен регрес и награди согласно утврдени критериуми на годишно ниво
  • Работа во пријателска и динамична работна атмосфера
  • 40 работни часа неделно, распределени во 6 работни дена
  • Нето плата 24.500 денари и дополнителни месечни бонуси

Доколку Вашата иднина ја гледате како член на нашата компанија, испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.

БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА е дел од BМ GRОUP – есклузивен дистрибутер на ROYAL SWINKELS FAMILY  од Холандија за регионите на Македонија, Србија, Грција, Црна Гора, Косово, Албанија, Словенија

 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде