Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
УНИ БАНКА
Референт во Сектор Девизна документарна контрола
Потребни квалификации:
Високо стручно образование;
Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи;
Одлични аналитички способности и способност за писмено известување;
Способност за самостојно планирање, организирање и навремено исполнување на задачите;
Познавање на англиски јазик, како и напредно користење на MS Office.
Одговорност и задачи:
Ги познава, разбира и почитува прописите и законите кои ја регулираат дејноста во Секторот;
Ги контролира документите за отварање и ажурирање на нерезидентни сметки;
Врши контрола и реализација на валутни налози за плаќање од резиденти и нерезиденти;
Врши распоред на денарски и валутни приливи на клиентски сметки или времени сметки на клиентите;
Затвара девизни сметки на барање на клиентот, ликвидација, стечај;
Постапува по оставински решенија;
Врши попис и архивирање на плаќањата и досиејата на нерезидентите;
Постапување по барања на извршители;
Контрола за документација за приливи и одливи во кеш;
Контакт со клиенти и експозитурите на Банката;
Изработува извештаи на Банката до надворешните институции (НБРСМ, УЈП);
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, потребно е да испратат кратка биографија преку полето Брза Апликација најдоцна до 05.05.2022 година
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Банкарство изнесува 34.278 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!