ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
ТЕХНИЧАРИ ЗА ГРЕЕЊЕ, ВЕНТИЛАЦИЈА И КЛИМАТИЗАЦИЈА – ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА
- Комплетна проверка на инсталацијата за греење, вентилација и климатизација
- Познавање на работа со машина за вакумирање и полнење фреон
- Познавање на компресори за клима и нивна функционалност
- Познавање на системот за подгревање и негова можна поправка при дефект
- Солидно познавање на работа со мерни инструменти
- Минимум средно образование од техничките струки
- Познавање на Законската регулатива од областа на безбедност и здравје при работа
- Способност за читање на техничка документација
- Способност за прецизна работа со детали
- Способност за работа под притисок и кратки рокови
- Течно зборување и пишување на Англиски јазик
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Безбедна и здрава работна околина со заштита според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа во таква средина
- Можност за мултинационално-препознаено професионално континуирано усовршување кај еден од најреномираните производители на автобуси
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.
Краен рок за доставување на апликациите: 21.05.2022 година