Затоа што сте:
Професионални,
Енергични,
Посветени,
Ја сакате продажбата!
Бидете дел од НЕЛТ СТ!
Кои сме ние?
Со 30 години развој, Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем. Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.
Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 4000 вработени и 80 принципали, на 11 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.
Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Vitalia, Campina, MladegsPak, Teekanne, Baby Food Factory, А1 Makedonija, Bau Center.
Вработуваме:
Сезонски мерчандајзер - реон Охрид, Струга
- Остварување на продажните цели и унапредување на продажбата
- Позиционирање на производите во категоријата согласно пропишаните стандарди на принципалите. Надополнување и одржување на оптимални залихи на полиците, грижа во врска со квалитетот на производот (рок на траење) и изгледот на изложбено-продажниот објект на клиентите.
- Merchandising: поставување и одржување на ПОС материјали, со цел да се подобри видливоста и да се зголеми продуктивноста, почитувајќи ги пропишаните стандарди на клиентите. Имплементација и координација на договорените маркетинг активности (секундарни места на изложување, комуницирање на специјални понуди ...).
- Промоција на производ: едукација на крајните потрошувачи и промовирање на брендови во согласност со добиените информации.
- Основни услови: ССС или ВСС
- Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
- Функционални компетенции : Решавање на проблеми, Комуникација, Поставување на приоритети
- Општи компетенции : Возачка дозвола Б категорија
- Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
- Работно време од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот
- Годишниот одмор определен согласно Закон за работни односи
- Одлична работна атмосфера
- Различни мотивациски и тим билдинг активности
- Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
- Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
- Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на афричкиот континент
Кандидатот е потребно да поседува подготвеност и страст за предизвици со кои ќе се соочи во првите 6 месеци бидејќи компанијата нуди динамична и мотивирачка средина!
Напомена: Сите пријави ќе бидат разгледани, а само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.
Дознајте повеќе за нас на https://www.nelt.com/mk/