ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС ДОО престижна кетеринг и ивент менаџмент компанија претпознатлива по единствениот стил , по изворедниот квалитет и конкуретна цена. Поради континуираниот раст и развој, потребата за стручен кадар е постојана, имаме потреба од
Како кетеринг менаџер, ќе планирате, организирате и развивате услуги за храна и пијалоци на организации и деловни активности, притоа исполнувајќи ги очекувањата на клиентите, стандардите за храна и хигиена и финансиски цели!
Одговорности
Менаџерот на кетеринг ќе треба да ги извршува следните функции:
- Идентификација/пронаоѓање на настани и клиенти
- Комуникација, преговарање за настани со клиентите и подготовка на понуди
- Изведување на настани и кетеринзи
- Follow up за испорачаната услуга
- Креирање на нови менија (сезонски/годишни) во согласност со трендовите и барањата на пазарот
- Да се биде дел од тимот кој идентификува, регрутира и обучува постоечки и иден персонал
- Организирање, водење и мотивирање на тимот
- Планирање смени и ротации на персоналот
- Следење на квалитетот на понудениот производ и услуга како и почитување на регулативите за здравје и безбедност.
- Водење финансиски и административни записи во својот сектор
- Планирање на буџет и утврдување на финансиски цели и предвидувања
- Управување со платен список и следете ги нивоата на трошење
- Креирање на маркетинг стратегија за секоторот
Работно време+
Понеделник до петок (08:00- 16:00 часот)
-Работата во угостителската индустрија може да вклучува промена во работното време и работа во флексибилни работни часови, вклучувајќи вечери, викенди и празници.
Квалификации
Идеалниот кандидат треба да поседува
- Работно искуство од најмалку 3 години во областа на БТЛ-от, маркетингот, кетеринг бизнисот и угостителството, од кој најмалку 2 години искуство во организација на настани
- силни комуникациски и интерперсонални вештини
- познавање на Англиски јазик. Познавањето на Албански би било придобивка
- способност да преземате иницијатива
- тактика и дипломатија во општата комуникација
- вештини за тимска работа
- можноста да раководи и мотивира персонал
- административна способност и ИТ писменост
- нумерирање и финансиски вештини со цел управување со буџет
- издржливост и можност за работа под притисок
- добро организиран пристап кон работата
- Предност ќе имаат оние со завршено образование во менаџмент,хотелиерство, кулинарство, човечки ресурси.
Што да очекувате
- Работа во нови и модерни услови
- Стабилна компанија со долгогодишно искуство и реноме
- Конкурентна плата
- Можност за професионален развој
Доколку сте заинтересирани, испратете ни Ваше CV како и мотивациско писмо преку полето Брза Апликација објаснувајќи ја Вашата погодност за оваа работна позиција.