Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ДЕТОИЛ ДОО
ДЕТОИЛ ДОО Куманово,има потреба од следната работна позиција
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Опис на работна позиција:
Одговарање на барања за понуди, односно давање на понуди и директна комуникација со клиенти;
Организација на испораки согласно потврдени нарачки, договори и следење и реализација на дневни испораки;
Следење на финансиската состојба на клиентите и активно учество во наплата на побарувања;
Следење на залихи;
Привлекување на нови клиенти и грижа за постоечките клиенти;
Анализа на пазарот, собирање на информации во делот на нафтени деривати и градежни материјали – бетонско железо, продажбите и пазарна застапеност;
Изработка на дневни, неделни и месечни извештаи за направените продажби;
Посета на клиенти, проекти, директно на терен;
Потребни квалификации:
Завршено високо образование –Економски факултет, смер – Менаџмент;
Знаење на Англиски јазик;
Познавање и работење со основните софтверски програми како Word, Excel и сл.;
Без искуство;
Поседување на возачка дозвола;
Професионални знаења и способности:
Способност за извршување на повеќе активности истовремено и запазување на дадените рокови за завршување на работните задачи;
Одлични аналитички и комуникациски способности, прецизност, самостојност, уредност и одговорност;
Чесност и лојалност кон компанијата;
Амбициозност и мотивираност;
Флексибилност и тимска работа;
Напомена: Огласот се однесува за реон Куманово.
Доколку се исполнуваат бараните квалификации и компетенции потребно е кандидатите да испратат CV преку полето Брза Апликација или да се јават на телефонски број 071/214-150 и 075/289-790.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!