ТЕ-ТЕ ПЛАСТ д.о.о.е.л. е извозно ориентирана компанија која што се занимава со изработка на алати/калапи за бризгање/дување пластика, лиење на алуминиум и сериско производство и монтажа на компоненти од пластика.
За потребите на Секторот за процесирање на пластика нудиме можност за ангажирање на определено време на кандидат за следната позиција:
ЦММ ИНЖЕНЕР
Основни задолженија и одговорности:
- Употреба на 3D модели;
- Креирање на CMM програми за мерење;
- Мерење со останата мерна опрема;
- Изработка и водење на SPC карти;
- Изработка на програми за мерење на СММ машина;
- Калибрација на агли, употреба на SP25 проба за скенирање;
- Изведба на сериско сменско мерење;
- Димензиско мерење во развој на производ;
- Подготовка на мерен извештај;
- Подготовка на РРАР документација за одобрување на производ,
- Изработка на Sample report
- Изведба на анализи за квалитет;
- Изведба на тестови за квалитет;
- Отклонување на грешки при процесот на мерење;
Квалификации и компетенции:
- Да има завршено високо образование, Машински факултет;
- Одлично познавање на англиски јазик (говорење, пишување, читање);
- Познавање на работа со компјутер
- Одлично познавање на CAD моделирање во SolidWorks;
- Искуство во работење по ISO стандардите и IATF 16949 стандардот за автомобилска индустрија ќе се смета за предност;
- Креативност и способност за тимска работа;
- Добри комуникациски и организаторски вештини
- Прецизност, точност и посветеност на работата
Способности:
- Способност за работа во тим
- Одговорност
- Способност за работа под притисок
- Со или без работно искуство
Што нудиме?
- Предизвикувачко и технолошки напредно работно опкружување.
- Можност за професионален развој во согласност со меѓународни стандарди за квалитет.
- Избраните кандидати ќе имаат пробна работа и обука.
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат и да достават свое CV со назнака „ЦММ инженер“ преку полето Брза Апликација
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
Те-Те Пласт д.о.о.е.л.
Ул. Борис Трајковски 135,1000 Скопје
T: +389 2 2467 741, Ф: +389 2 2467 742