Референт за прием и испорака
Референтот за прием и испорака ќе биде дел од тимот за логистика. Референтот за прием и испорака ќе работи дирекно под супервизорот за испорака од кого ќе добива работни задачи и истите ќе треба да ги извршува согласно веќе воспоставени процедури за работа. Треба да води грижа за заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа, како и да развива добри односи со вработените и да биде отворен за нови знаења.
Работата ќе се извршува во смени.
Квалификации на кандидатите:
- завршено средно образование,
- работно искуство од 1 година во областа на прием и испорака на роба
- поседува одлични комуникациски вештини
- да има искуство во управување со виљушкар
Работни задачи
- да го контролира приемот на материјалите , физичка контрола на физичка состојба и состојба на документ.
- да алармира при издавање на последни количини од одреден материјал до претпоставениот.
- Транспорт на материјали со виљушкар на одредени локации во магацин
- Одржување на магацинот во чиста и прегледна ситуација според инструкциите од претпоставениот.
Конкурентски предности
- Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
- Организациски способности
- Динамичност, мотивираност, иницијативност
- Флексибилност и адаптибилност
Кандидатите треба да ја приложат следнава документација
- Мотивациско писмо за аплицирање на огласот;
- Биографија (CV)
- Доказ за завршено образование;
- Дополнителни дипломи и сертификати.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.
АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува сите соодветно квалификувани кандидати, без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување .
Документите треба да се достават до „АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со назнака за “Референт за прием и испорака” до Сектор за управување со човечки ресурси преку полето Брза Апликација.