Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ТЕ-ТЕ ПЛАСТ ДООЕЛ
ТЕ-ТЕ ПЛАСТ д.о.о.е.л. е извозно ориентирана компанија која што се занимава со изработка на алати/калапи за бризгање/дување пластика, лиење на алуминиум и сериско производство и монтажа на компоненти од пластика.
ТЕ-ТЕ ПЛАСТ има потреба од следната работна позиција:
РАКУВАЧ СО МАШИНИ И АЛАТИ ЗА ПРЕРАБОТКА НА ПЛАСТИКA
Основни задолженија и одговорности:
Монтажа/демонтажа на алат/калап на машина за преработка на пластика
Подготовка на материјал за производство
Стартување на процес на производство; стартување на сушари и темпомати
Стабилизација на процес на производство
Контрола на тек и стабилност на машината за бризгање во тек на производство
Контрола на машини и опрема
Превентивно и редовно одржување на алати и опрема
Контрола на квалитет на добиен производ
Квалификации и компетенции:
Средна стручно спрема
СО работно искуство
Способности:
Способност за работа во тим
Одговорност
Способност за работа под притисок
*Избраните кандидати ќе имаат пробна работа и обука.
Што нудиме?
Предизвикувачко и технолошки напредно работно окружување
Можност за професионален развој во согласност со меѓународни стандарди за квалитет
Плата во висина од 40.000,00 денари
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат и да достават свое CV со назнака „РАКУВАЧ СО КАЛАПИ / АЛАТИ ЗА ПРЕРАБОТКА НА ПЛАСТИКА“ преку полето Брза Апликација. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
Те-Те Пласт д.о.о.е.л.
Ул. Борис Трајковски 135,1000 Скопје
T: +389 2 2467 741, Ф: +389 2 2467 742 www.teteplast.com
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!