Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните услови:
- Средна стручна спрема.
- Минимум 3 години искуство во ракување со Финишер за вградување на асфалт.
- Уверение за ракување со Финишер за вградување на асфалт.
Клучни одговорности и задачи:
- Доследно ги применува упатствата за ракување и одржување на градежните машини
- Ги извршува сите работи предвидени за соодветната машина со упатството и се грижи за редовно работење и функционирање на машината, како и за редовна промена и контрола на масло, филтри, систем за ладење, мерни инструменти, подмачкување, чистење, притегнатост на одредени склопови, делови и друго и е одговорен за нивна доследна примена
- Врши евиденција и потпишување на дневниот учинок на машината, применото гориво и го доставува до извршителот за експлоатација на градежна механизација;
- Редовно да ја проверува машината пред нејзиното стартување и да ги пријави настанатите штети и недостатоци;
- Учествува во постапка на дефектажа на дефектите и нивно ефикасно отстранување и поправка;
Компанијата нуди:
- Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување
- Стабилност и можност за личен развој
- Градење на успешна кариера
- Можност за надградба на професионален план
- Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
- Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
Личен профил:
- Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за координација и работење со рокови
- Висока работна етика
- Доверливост
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07,30 до 15,30 часот.
Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае десет работни дена од објавувањето.
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или преку полето Брза Апликација.
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748. и 071 227-218
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција..