Vrabotuvanje.com - Регионален менаџер/Супервизор одговорен за Локал КА и ТТ Скопје - Скопје - БИМА-ЛОГИСТИКА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Регионален менаџер/Супервизор одговорен за Локал КА и ТТ Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • БИМА-ЛОГИСТИКА ДООЕЛ

БИМА Логистика е компанија специјализирана за увоз, маркетинг, продажба и дистрибуција на производи за широка потрошувачка и официјален застапник за реномираните брендови: Elephant, Corny,Trolli, Joya ,4U, Jabolcelo, Riegelien, Halloren, Fini, и други. Поради проширување на тимот бараме 

КОМЕРЦИЈАЛИСТ за регион: Скопје (Импулс канал и Локални Ланци/Маркети)
 

Одговорности и работни задачи

  • Земање нарачка во продажно место според Рута План и навремено евидентирање на истите електронски во софтверската апликација за нарачки.
  • Директно се грижи за успехот на секој свој бренд преку најдобра примарна и секундарна позиција на секое продажно место.
  • Успешно менаџирање на категории на рафтови по продажен објект.
  • Ја следи листата на должници и презема активности за наплата на побарувањата.
  • Ги следи активностите на конкуренцијата во продажно место, идентификува можности и предлага активности за развој на продажбата.
  • Прибира податоци од секое продажно место во врска со степенот на продадени, дистрибуирани и присутни производи на залиха кај купувачот и врши редовна проверка на нивните рокови на употреба.

Нудиме мотивирачки бонуси и солидна основица, а бараме да ги имате следниве квалификации и квалитети:

  • Универзитетска диплома, познавање на англиски јазик, како и завршени тренинзи/обуки за продажба и маркетинг активности, се сметаат за предност.
  • Педантен, приципиелен и со одлични организациски вештини.
  • Проактивност и систематичност.
  • Самоиницијативен, снаодлив и тимски работник.
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини.
  • Аналитички способности, упорни и енергични.
  • Способност за работа под притисок и со задачи со кратки лимитирани рокови.
  • Позитивен пристап, љубезност и учтивост.

Ги замолуваме сите заинтересирани кандидати да ни пратат CV преку полето Брза Апликација најдоцнa до 31.05.2022. со Назнака/Subject: КОМЕРЦИЈАЛИСТ.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде