Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ВИВАКС ДОО
Вивакс е македонска компанија која постои 27 години и брои повеќе од 110 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО
Одговорности и задачи:
Управува со товарно моторно возило;
Врши превоз на стоки до местата наведени во патниот налог и се грижи за навремен утовар и истовар;
Се грижи за чистотата и исправноста на возилото, уредна и целосна пропратна документација, како и за навремено спроведување на технички преглед и регистрација;
Врши и други работи што ќе му бидат доверени од страна на раководните лица.
Потребни квалификации:
ССС;
Возачка дозвола “Ц“ категорија;
Минимум две години работно искуство како возач со „Ц“ категорија;
Предходно работно искуство во дистрибуција на производи ќе се смета за предност.
Од кандидатот очекуваме:
Способност за работа во тим;
Самоиницијативност, исполнителност, лојалност и чесност;
Организираност и одговорност;
Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови;
Ефективна вербална и писмена комуникација.
Ви нудиме:
Почетна месечна плата (со можност за зголемување) во висина од 27.000-29.000 денари (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција);
Додатоци на плата по основ на: минат труд, прекувремена работа и други, согласно законските прописи;
Исплата на регрес за годишен одмор;
Можност за напредување во работата и награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
Обезбеден оброк;
Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака “ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО“.
Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 14.05.2022 до 30.05.2022).
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака на позицијата на која кандидатот аплицира, НЕМА да бидат разгледани!
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!