Vrabotuvanje.com - Асистент за плаќања кон добавувачи (Account Payable Assistant) - Скопје - ЏОНСОН МЕТИ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Асистент за плаќања кон добавувачи (Account Payable Assistant)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЏОНСОН МЕТИ
 

Оглас за работа: Асистент за плаќања кон добавувачи (Account Payable Assistant)

Локација: Скопје, Македонија

Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети има потреба од Асистент за плаќања кон добавувачи во финансии (Accounts Payable Assistant) кој ќе му се придружи на нашиот тим за финансии во фабриката за автокатализатори во Скопје.

Успешниот кандидат ќе има обврска да комуницира и координира со останатите оддели во фабриката со цел да обезбеди навремен прием на фактурите, како и на останатите платежни документи. Воедно, кандидатот ќе одржува постојана комуникација со релевантните надворешни страни во насока на остварување на непречен процес на плаќање.

Главни одговорности:
  • Навремено процесирање на домашните и странски фактури во согласност со домашните и групните барања
  • Обезбедување на навремена исплата во согласност со условите за плаќање договорени со добавувачите
  • Обезбедување дека сите добавувачи за кој ќе бидете задолжени да се соодветно контролирани и трошоците се прикажани на точните конта во SAP.
  • Книжење на трошоците поврзани со патувањето и нивна распределба на трошокот по  центри и GL сметки, аванси и сл.
  • Одржување на сметководствените конта со навремена проверка на: авансните плаќања и нивно затворање, сложување на материјална евиденција со финасиска евиденција
  • Сложување на картици со добавувачи
  • Скенирање и архивирање на фактури и останати документи
  • Обезбедување на навремени и прецизни докази што ги бараат надворешни и внатрешни ревизори по нивно барање
 
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
  • Високо образование од областа на економијата
  • Познавање на важечките сметководствени стандарди и финансиската регулатива
  • Познавање на SAP програмата ќе се смета за предност
  • Професионална квалификација за сметководител ќе се смета исто така за предност (не е задолжително)
  • Напредно познавање на Microsoft Office (Excel, Word, PowerPoint)
  • Професионално ниво на владеење на македонски и англиски јазик
  • Аналитички способности и способност за решавање на проблеми  

Позицијата подразбира работа во административна смена пон. до петок 08:30 – 16:30

Како да аплицирате:

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплицирате на следниот линк:

https://bit.ly/3yIPJ3c

Краен рок за аплицирање: 23ти мај 2022

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде