За вработување кај нашиот реномиран соработник – ПИВАРА СКОПЈЕ, лидер на пазарот во производство на пиво, вода и безалкохолни пијалаци, потребен е:
Оператор во производство на пиво (Скопје)
- Одговара за целокупната работа во смената и за исполнување на производниот план во својата работна зона;
- Води евиденција за призведени количини на производ;
- Зема учество во преглед на завршени и тековни активности, присуствува на секојдневни состаноци со тимот пред започнување на смената;
- Води точна и прецизна евиденција за работата на машината;
- Редовно ја следи исправноста на машините и пријавува евентуални недостатоци и дефекти;
- Презема чекори за отстранување на помали неправилности на машината;
- Ја одржува чистотата на работните површини и врши дезинфекција по потреба;
- Носи соодветна работна опрема согласно стандардите за безбедност и здравје при работа, хигиенско-санитарните стандарди и моралните норми согласно компаниските процедури и правилници;
- Постојано се стреми кон подобрување на индикаторите за учинок на процесот на производство;
- Придонесува за одржување на редот и дисциплината во организацијата.
- ВСС или ССС во Машинска или Електро струка
- Работно искуство во производствена средина ќе се смета за предност
- Познавање на работа со компјутери
- Способност да се реагира брзо во зависност од потребите
- Носење на задолжителна заштитна опрема
- Следење на процедурите за безбедност и здравје при работа
- Сменско работење (во три смени)
- Изразена способност за решавање проблеми, логика и споредба, квалитетна одлука, управување со време и ориентираност кон тимска работa
Нудиме:
- Солидни и навремени месечни примања
- Обезбеден топол оброк
- Обезбедена обука
- Можен почеток: Веднаш
- Годишен одмор: согласно ЗРО и колективен договор
- Времетраење на вработувањето: 6 месеци со можност за продолжување на неопределено.
- Надомест за ноќна работа, работа за празник/викенд
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги преку полето Брза Апликација и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
www.esi.mk