Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Жито Лукс АД Скопје
ЖИТО ЛУКС Ад Скопје, водечка компанија од областа на производство на леб, брашно и пекарски производи, поради проширување на својот тим во Комплексот Пекара, има потреба од:
ЕЛЕКТРО/МАШИНСКИ ОДРЖУВАЧ
Работни задачи:
Врши превентивно одржување на елекртомашинската опрема по налог на одговорното лице
Ја следи секојдневно работата на технолошката и енергетската опрема
Врши репарирање на резервни делови
Учествува во ремонт на машини и опрема
Врши тековно одржување на истата по потреба и пријава за дефект
Ракува со гасни уреди и врши нивна проверка
Изготвува работна евиденција во работната книга и работен налог
Извршува работни задачи кои произлегуваат од системт за квалитет и безбедност на храна
Извршува и други работни задачи по налог на претпоставениот
За својата работа одговара пред менаџерот на дивизија за одржување
Потребни квалификации:
Минимум завршено средно стручно образование
Организираност и одговорност
Комуникативност
Посветеност, лојалност,иницијативност
Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работа позиција, испратете ја вашата биографија ( CV ) на следната адреса: Жито Лукс АД Скопје, Бул. “Македонска Косовска Бригада” бр.44 Скопје, или електронски преку полето Брза Апликација.
Само најтесниот избор на кандидати ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе бидат третирани со доверливост.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!