Nomad Foods е европска водечка компанија за замрзната храна и една од најголемите во светот. Портфолиото на одличните брендови на компанијата кое ги вклучува Birds Eye, Findus, Iglo а од неодамна и Ledo и Frikom со генерации им служи на локалните европски пазари и се залага за храна која е со одличен вкус и висок квалитет.
Како дел од семејството Nomad Foods, компанијата Фриком Београд Дооел Скопје објавува оглас за вработување на персонал за територијата на град Струмица за следната позиција:
МАГАЦИОНЕР ВО ЛАДИЛНИК
Локација: Струмица
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование;
- Работно искуство од минимум 1 година на иста позиција или без;
- Познавање на МS Office програма и работа со компјутер;
- Возачка дозвола Б – категорија/активен возач;
- По можност со сертификат за вилушкарист со искуство 1 година.
Одговорности и задачи:
- Прием на роба;
- Издавање на роба;
- Водење на евиденција на залихи;
- Изработка на потребната документација неопходна за секојдневно функционирање на магацинот;
- Извршување на работни задачи поврзани со превоз и дистрибуција.
Вашата професионална биографија можете да ја доставите преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на апликацијата за оглас за “Магационер во ладилник - Струмица”.
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!