Глобал Гаминг ДОО Скопје има потреба од:
Junior IT Administrator
Опис на работно место
- Отстранување на хардверски и софтверски проблеми во службените канцеларии и на терен.
- Инсталација, конфигурација и администрирање на работните станици, мрежните уреди и софтверските системи во компанијата.
- Администрирање и надгледување на безбедносните компоненти.
- Поддршка на софтверските системи на корисниците во деловната мрежа.
- Соработка и комуникација со надворешни добавувачи на опрема како и со надворешни соработници на IT услуги.
- Анализа и тестирање на нови софтверски системи.
Потребно искуство, знаење и вештини
- Искуство во софтверско администрирање на мали или средни компании и нивно доменско поврзување.
- Инсталација и конфигурација на Windows и Linux оперативните системи и нивните пратечки софтвери.
- Познавање на компјутерските мрежи и мрежните протоколи.
- Основно познавање на виртуелизацијата на оперативните системи.
- Познавање на стегање и поврзување на мрежните конектори (UTP, BNC, LSA Patch и слични).
- Пожелно искуство во поставување и сетирање на видео надзор.
- Пожелно искуство во управување со Ubiquiti и Mikrotik рутерите.
- Пожелно познавање на српскиот јазик – разбирање и говорење.
- Возачка дозвола “Б” категорија.
Нудиме
- Работа во една од најперспективните компании во оваа област.
- Работа во тим со искусни експерти во нивните области, можност за стекнување на нови знаења и вештини.
- Стабилна и позитивна работна атмосфера во професионален, динамичен и млад тим во пријатно работно опкружување.
- Предизвик, стабилност и можност за учење и напредување.
- Континуирано усовршување.
- Тим билдинг активности.
- Можност за напредување на повисока позиција.
Ве молиме Вашето CV и мотивационо писмо да ги испратите на електронската, преку полето Брза Апликација