Vrabotuvanje.com - ИТ Специјалист за ИТ Хелп Деск - Скопје - Халкбанк А.Д. Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

ИТ Специјалист за ИТ Хелп Деск

Скопје

Рок за пријавување:

  • Халкбанк А.Д. Скопје

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. 

Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на пополнување на следната работна позиција во Банката:

ИТ Специјалист за ИТ Хелп Деск (Референца Бр. 007/2022) 
во Дирекција за Информациски системи и техничка поддршка

Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се: 

  • Завршено најмалку Високо бразование од областа на информатиката и компјутерските науки; 
  • Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 1 години;
  • Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:

  • Одлични комуникациски вештини;
  • Искуство со ИТ Хелп Деск поддршка, мониторирање на системи, решавање и ескалација на проблеми (инциденти);
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Познавање на  работа со компјутери и Windows оперативен систем;
  • Основно познавање на T-SQL јазикот;
  • Основно познавање на компјутерски мрежи и сигурност на информациски системи;
  • Познавање на .Net, C#, XML ќе се смета за предност. 
  • Подготвен да учи и да работи со најнова компјутерска технологија;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
  • Чесност и доверливост;
  • Способност за тимска работа;
  • Професионален изглед и однесување. 

За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:

  • Одговорен за овозможување на прво ниво на поддршка на крајните корисници и  правилно и целосно функционирање на апликативните Хелп Деск системи во Банката;
  • Овозможување на аппликативна поддршка во рамки на Апликативните модули во Банката, како и давање на Системска поддршка на крајните корисници;
  • Организирање и спроведување на поддршка  за корисниците во наведените модули;
  • Анализирање на можностите за користење на модулите, вршење надзор за правилно користење, утврдување, отстранување неправилности и настанати грешки во работењето на модулите;
  • Изготвување упатства, извештаи, мислења и препораки во врска со работењето на Хелп Деск системот; 
  • Вршење прием, инсталација и надградба на модулите во соработка со надворешните релевантни страни;
  • Учество во проекти за унапредување на споменатите апликативни модули, како и за останати активности и тековни ангажмани во рамките на Дирекцијата.

Бенефити:

  • Приватно здравствено осигурување;
  • Политика за наградување преку системот на бонуси;
  • Континуирани обуки за кариерен и професионален развој; 
  • Динамична работна средина;
  • Продуктивно работно опкружување;
  • Редовни тим билдинг и спортски активности и настани за дружење.
 
Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 05.06.2022 година на career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр. 007/2022 –ИТ Специјалист за ИТ Хелп Деск.

За да аплицирате, потребно е да ни доставите ваше резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки и потврди за вашите претходни релевантни работни ангажмани, кои се бараат за оваа позиција. Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни. 

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката.

Напомена: Во процесот на селекција, само кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови и ќе влезат во потесниот круг, односно ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде