Vrabotuvanje.com - Надзорен инженер - Скопје - Саник
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Надзорен инженер

Скопје

Рок за пријавување:

  • Саник
 

Саник е компанија посветена на креирање и создавање на урбани и функционални станбени и деловни простори со уникатен дизајн.    
                
При осмислувањето на објектите секогаш сме инспирирани и ги ставаме во фокус желбите и потребите на купувачите.     

Нашата компанија постојано се стреми кон иднината, ги следи светските трендови во градежништвото и архитектурата. Препознатливи сме по квалитетот кој го создаваме со примена на современи стандарди и технологии во изградбата. 

Ве каниме да се придружите на нашиот тим од професионални и искусни архитекти и инженери.

Саник има потреба од следната работна позиција

НАДЗОРЕН ИНЖЕНЕР
 

Како Надзорен Инженер ќе имате можност заедно да создаваме проекти кои влеваат доверба и оставаат трајни вредности за идните генерации, следејќи ги светските трендови во градежништвото и архитектурата.

Што добивате:

  • Конкурентна плата и бонуси
  • Службено возило
  • Соодветна ИТ опрема
  • Службен телефон
  • Развојни програми, семинари и дополнителна едукација
  • Можности за напредување и зголемување на бенефициите
  • Покриени трошоци настанати во службени цели

Вашите работни обврски:

  • Проверка на градбата во секоја фаза од градењето и дали е во согласност со проектот
  • Контрола и утврдување на учесниците во изградбата за поседување на соодветни лиценци и овластувања
  • Проверка на квалитетот на вградените материјали во градбата
  • Проверка на квалитетот и квантитетот на изведените работи од сите изведувачи и подизведувачи на објект
  • Запознавање на инвеститорот за утврдените недостатоци или неправилности констатирани во текот на изградбата и истите да ги забележи во градежен дневник
  • Изработка на динамички план за изведба на објектот со детална разработка за секоја фаза од објектот, како и изработка на методологија за изведба на секоја фаза од изведбата на објектот
  • Изготвување завршен извештај за извршениот надзор
  • Изготвување периодични писмени извештаи за извршената проверка за секоја фаза во текот на градбата, со оценка за усогласеноста на градбата со проектот и условите на градење

Вие сте идеален кандидат доколку:

  • Имате завршено високо образование – Градежен инженер
  • Поседувате овластувања за надзор
  • Умешно работите со Microsoft Office и го познавате работењето со AutoCAD
  • Имате високо ниво на одговорност при справување со секојдневните работни обврски
  • Имате желба и интерес да ги следите светските трендови во градежништвото и архитектурата
  • Подготвени сте да работите на терен како надзор на објекти во град Скопје
  • Поседувате возачка дозвола – Б категорија
  • Имате претходно работно искуство на иста или слична работна позиција

 Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија со назнака за позицијата, преку полето Брза Апликација.​

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Градежништво, Геодезија и Геологија изнесува 25.150 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде