Саник е компанија посветена на креирање и создавање на урбани и функционални станбени и деловни простори со уникатен дизајн.
При осмислувањето на објектите секогаш сме инспирирани и ги ставаме во фокус желбите и потребите на купувачите.
Нашата компанија постојано се стреми кон иднината, ги следи светските трендови во градежништвото и архитектурата. Препознатливи сме по квалитетот кој го создаваме со примена на современи стандарди и технологии во изградбата.
Ве каниме да се придружите на нашиот тим од професионални и искусни архитекти и инженери.
Саник има потреба од следната работна позиција
МАГАЦИОНЕР НА ОБЈЕКТ
Одговорности и работни задачи:
- Евидентирање на влез и излез на роба од магацинскиот простор
- Подготовка на нарачки и издавање роба од магацин
- Складирање на робата при прием во магацин
- Одржување на ред, хигиена и организираност во магацинскиот простор
- Учество во попис и броење на роба на месечно и годишно ниво
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование
- Предходно искуство најмалку 2 години на иста или слична позиција
- Работа со компјутери, познавање на MS Office пакетот
- Возачка дозвола Б категорија
Личен профил:
- Минимум завршено средно образование
- Флексибилност за работа, одлична комуникација, фокусираност
- Професионално однесување и организираност
- Лојална, мотивирана и стабилна личност
- Динамичен, проактивен и насочен кон резултати
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Способност за организација
- Позитивен однос кон промени
Ви нудиме:
- Почетна месечна плата (со можност за зголемување)
- Додатоци на плата по основ на: минат труд, прекувремена работа и други, согласно законските прописи
- Исплата на регрес за годишен одмор
- Можност за напредување во работата и награди/бонуси за работна успешност и посветено извршување на работните задачи
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија со назнака за позицијата, преку полето Брза Апликација.
Само кандидати со соодветни квалификации ќе бидат повикани на разговор.