Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група која од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во Источна и Јужна Европа. Во компанијата работат над 2.000 високо квалификуван кадар и соработници во над 250 филијали во пет европски земји – Македонија, Шпанија, Бугарија, Романија и Босна. Затоа се осмелуваме да се наречеме привлечен работодавач за сите кои се во потрага по нов предизвик.
Согласно брзиот раст на компанијата како и тековните потреби, процеси и активности на Флекс Кредит на територијата на Северна Македонија, објавуваме оглас за работна позиција:
Маркетинг менаџер
Опис на работни задачи:
- Подготовка на маркетинг и комуникациски план за разни комуникациски канали, согласно дефинираните производи во продуктното портфолио и идентификуваните пазарни сегменти
- Одговорен за надворешни комуникации преку различни канали (интернет, медиуми, радио, ТВ итн)
- Одговорен за контакт со надворешните маркетинг соработници
- Планирање на маректинг буџет - подготовка на годишни, месечни и неделни работни планови и маркетинг буџет
- Мониторинг и контрола на правилна имплементација на маркетинг и медиа плановите, како и дистрибуцијата на буџетите
- Одговорен е за целата надворешна комуникација/содржина да биде во согласност со политиките и стратегијата на компанијата
- Развива и изработува маркетинг стратегии и идентификува барања за разни маркетинг канали и средства за комуникација како и соработка со секторот за човечки ресурси насочени кон градење и промовирање на бренд на посакуван работодавач
- Одговорен за сите експозитури да бидат снабдени со промотивни материјали (визит карти, флаери, постери, пликоа, ознаки, билбори, банери и др.)
- Подготовка на план за настани и обезбедување активности во согласност со планираниот буџет
- Други работни задачи по налог на Трговски директор.
Основни квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува:
- Работно искуство во маркетинг од најмалку 4 години
- Високо образование –Маркетинг/Е-Бизнис менаџмент
- Одлично познавање на Англиски јазик
- Напредни компјутерски вештини, вклучувајќи MS Office и веб развојните алатки
- Креативно размислување и познавање на актуелни маркетинг трендови и канали на комуникација
- Енергична, одговорна, посветена и исполнителна личност, способна за работа во тим
- Вештини за комуникација и пишување
Ние нудиме:
- Атрактивна плата;
- Можност за професионален развој
- Дополнителни обуки и тренинзи
- Динамична атмосфера во брзорастечка компанија
Доколку имате желба да станете дел од тимот на Flex credit, Ве молиме аплицирајте преку полето за ,,Брза апликација.