Shimadzu е водечки светски производител на аналитичка и медицинска опрема, вклучен во истражувачки активности на најсовремени научни области, од екологија и медицина, преку авионска и автомобилска индустрија па се до производство на индустриска, аналитичка, мерна и биотехнолошка опрема.
Со своите производни, продажни и сервисни локации низ целиот свет и преку 13 000 вработени, се стремиме да станеме глобална компанија која подржува здрав и удобен живот за благосостојба на човештвото и планетата Земја.
За нашето Претставништво во Скопје моментално бараме динамичен кандидат за следната позиција:
- Инсталација на медицински апарати
- Дијагностицирање и отстранување на дефекти
- Работа на терен кај корисниците
- Секојдневна комуникација со клиентите (на македонски и англиски)
- Учење нови технологии и нивна примена
- Корисничка подршка и обука
- Работа во SAP
Услови:
- ВСС– електро факултет
- Спремност за работа во тим
- Висока информатичка писменост
- Активно познавање на англиски јазик
- Важечка возачка дозвола Б категорија
- Спремност за често патување внатре и надвор од земјата
- Способност за брзо препознавање на проблеми и истрајност во нивното решавање
Да се биде вработен во Shimadzu значи да се има можност за континуирана едукација и напредок во меѓународно опкружување со стимулативни примања и позитивна и мотивирачка работна атмосфера; извршување на работните задачи на врвна технологија и во блиска соработка со купувачите, како и поседување слобода за обликување и реализација на иновативни, индивидуални решенија, а се заедно да придонесеме кон глобалната цел- да станеме број еден избор на корисниците ширум светот.
Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, вашите апликации заедно со лична биографија (на македонски и на англиски јазик) пратете ги најдоцна до 16.06.2022г. преку полето Брза Апликација.