Vrabotuvanje.com - Планер за електро одржување - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Планер за електро одржување

Скопје

Рок за пријавување:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги 
остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени,  
насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата 
 
Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
 
објавува оглас за вработување на
 
Планер за електро одржување
 
Избраниот кандидат ќе извршува работни задачи во Одделението техники на одржување кои вклучуваат спроведување на активностите за планирање на одржувањето на опремата, планирање на потребните материјални и човечки ресурси потребни за извршување на активностите на одржување на целокупната опрема. Изработува планови за ремонти и други поголеми зафати на опремата, планира и подготвува проекти поврзани со инвестиции, активно учество во анализа за детектирање на причините за дефект на опремата, се грижи за собирање и систематско документирање на секаков вид на документација за опремата, техничка валидизација на завршени активности од надворешни фирми, итн. Работното време е 40 часа неделно и од 08:00 – 16:00 часот. Основната нето плата за работното место е од 32.000 до 40.000 денари.
 

Квалификации:
  • ВСС/VII степен образование, Електротехнички факултет
  • Работно искуство од 3 години во одржување ќе се смета како предност
  • Одлично познавање на МS Office, AutoCAD
  • Одлично познавање на англиски јазик
 
Конкурентски предности:
  • Безбедносно однесување
  • Техничка експертиза
  • Превентивно, предвидливо, проактивно одржување
  • Планирање и организирање 
  • Донесување на одлуки и решавање на проблеми
  • Флексибилност и адаптибилност во тимското работење
  • Способност да се работи на повеќе задачи истовремено, независно или како дел од тим
     


Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши само на веб страницата 
на Цементарница УСЈЕ http://www.usje.mk.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде