Телеком Србија Група е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија, мобилна, телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.
Нашите корпоративни вредности се задоволни корисници, тим, одговорности, промени и резултат.
За чекор пред другите сакаме да бидеме прв избор на корисникот во светот на дигиталните услуги.
Доколку и ти сакаш да бидеш чекор пред другите и да станеш дел од нашиот успешен тим, те повикуваме да се пријавиш за следната позиција:
АГЕНТ ЗА D2D (теренска продажба)
Стани и ти дел од тимот на МТS и одлично заработи!
Ако сакаш предизвици кои ги носи продажбата, сега имаш можност во директна комуникација со корисниците на терен да стекнеш нови знаења, научиш се за телекомуникациите и работиш во динамично опкружување.
Што ти нудиме?
- Можност за фиксна заработка по неколку месеци;
- Можност за напредување за најдобрите;
- Искуство во најпрофитабилна дејност;
- Стани врвен продавач.
Каква личност бараме?
- Енергична си и позитивна личност;
- Во новите предизвици ја гледаш својата шанса;
- Поседуваш одлични комуникациски и презентерски особини;
- Личност спремна за работа на терен.