Приклучете му се тимот со повеќе од 200 вработени и 15 годишен континуиран успех во транспортот на нафтени деривати. Поседуваме сопствена автобаза лоцирана во близината на Скопје, со повеќе од 100 возила за транспорт на различни видови деривати од реномирани производители. Бројот на возила во возниот парк, високото ниво на техничка опременост на возилата, исполнувањето на сите законски барања, како и добиените Лиценци за вршење на јавен превоз на опасни материи во внатрешниот и меѓународниот сообраќај, го поставуваат ОИЛКО КДА - Скопје на лидерската позиција во земјата и во поширокиот регион во транспортот на нафтени деривати.
Вработуваме 10 кандидати на работно место
ВОЗАЧ
во Одделението за возен парк во Секторот за возен парк и транспорт, на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.
Основни одговорности и работни задачи:
- Управување со товарно моторно возило за превоз на нафтени деривати;
- Пополнување на патен налог и товарен лист за возилата и друга пропратна документација и
- Следење на техничката исправност на возилото.
Работното време за наведеното работно место е организирано во смени, согласно Законот за работно време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај.
Основната нето плата изнесува 24.000 денари.
Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
Услови за вработување:
- Завршено средно образование – III или IV степен;
- Најмалку 3 (три) години работно искуство во управување со товарно возило;
- Возачка дозвола Ц и Е категорија;
- Да поседува важечка возачка картичка, АДР сертификат и Сертификат за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на патници и стоки.
Доколку поседувате:
- Способност за тимска работа во динамично опкружување;
- Способност за агилно управување со промените;
- Способност за прецизно извршување на работните задачи; и
- Способност за работа под притисок и исполнување на дадените рокови.
Испратете:
- Писмо за мотивација;
- Кратка биографија;
- Копија од диплома за завршено образование;
- Копија од други стекнати дипломи, сертификати и уверенија.
Потребните документи да се достават на адреса:
„ОИЛКО КДА – Скопје, ул.10 бр.152, 1042 Миладиновци, Илинден.“
Лице за контакт: Божин Мургоски, телефон за контакт: 02/ 25 20 693.
Рокот за пријавување почнува од денот на објавувањето на огласот и трае заклучно со ден 13.06.2022 година.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликацииите кои ќе бидат доставени по електронска пошта, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени во предвид.
Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат ОИЛКО КДА Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законсите прописи.
Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање за истото истиот мејл.