Vrabotuvanje.com - Архитект - Тетово - РЕНОВА ДОО експорт-импорт с.Џепчиште,Тетово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Тетово

Рок за пријавување:

  • РЕНОВА ДОО експорт-импорт с.Џепчиште,Тетово

Друштво за производство, трговија и услуги 
РЕНОВА ДОО експорт - импорт с. Џепчиште, Тетово

Објавува ОГЛАС за вработување на:

АРХИТЕКТ

Квалификации:
  • Универзитетско образование – Архитектонски факултет
  • Поседување на Овластување за проектирање на градби како одговорен проектант од архитектура (Б)
  • Поседување на Овластување за надзор над изведување на градби и Овластување за изведба на градби ќе се сметаат за предност
  • Работно искуство 
  • Напредно познавање на работа со компјутери (АCAD, MS Office, MS Project)    
  • Познавање на законската регулатива од областа на градењето - Закон за градење и други позитивни законски прописи и подзаконските акти од областа на градeњето
  • Познавање на англиски јазик
 
Одговорности и задачи:
  • Раководење, обезбедување и координирање на проекти и усогласување, контрола и синхронизација на сите фази на проектирање
  • Дефинирање на потребниот буџет и временските рокови за проектот
  • Одржување на ефективни релации со клиентите
  • Познавање на оперативни практики на градежништвото, следење и проучување на стандардите и нивните промени
  • Оперативни и административни обврски врзани за тековно работење
 
Личен профил:
  • Одлични комуникациски вештини
  • Одлични организациски способности
  • Наклонетост кон тимска работа, самостојност и иницијатива
  • Мотивиран за работа со висок квалитет
  • Креативност и упорност во остварување на поставените цели
  • Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање решенија
  • Желба за континуирано професионално усовршување

Ние нудиме одлични работни услови, пробен период во времетраење од 3 месеци, со можност за вработување на неопределено време.

Доколку ги исполнувате горенаведените квалификации, Ве покануваме да испратите Ваша лична биографија (CV) преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака „Архитект“.

Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. 
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Архитектура изнесува 25.340 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде