Телеком Србија Група е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија,мобилна,телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија,Босна и Херцеговина,Црна Гора и Македонија. Го шириме нашето работење на нови пазари и на корисниците им нудиме единствено искуство чинејќи им го животот поубав, полесен и позабавен.
Во нашето работење се водиме според нашите вредности – задоволни корисници кои се наш приоритет, работиме тимски и ги вреднуваме нашите вработени, професионални сме и превземаме одговорност за она што го работиме, се менуваме во склад со потребите на пазарот и насочени сме на постигнување на резултати. За чекор пред другите , нашата желба е да бидеме прв избор на корисниците во светот на дигитална услуга.
Дали сакаш и ти да бидеш дел од успешниот тим кој е чекор пред другите?
Пријави се за позицијата:
АГЕНТ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР во МТЕЛ ДООЕЛ
Твои работни задачи:
- Презентација на производите и услугите на МТЕЛ на сите постоечки и потенцијално нови корисници;
- Давање на информации на постоечките и потенцијалните корисници на услугите;
- Евидентирање на приговори од корисници кои се однесуваат на функционалноста на сервисот, услугите или опремата;
- Евидентирање на барања на постоечите и потенцијалните корисници во склад со процедурата за работа;
- Давање техничка поддршка на корисниците;
- Комуникација со корисниците по дигитален пат (web, mail, chat, video, co-browse, social network).
За да бидеш успешен потребно е:
- Да си ориентиран кон корисникот;
- Да поседуваш комуникациски вештини и да си тимски играч;
- Да поседуваш минимум средно познавање на MS Office;
- Да имаш минимум IV степен стручна подготовка.
Кај нас можеш да очекуваш:
- Конкурентна почетна плата;
- Динамично окружување и позитивна работна атмосфера;
- Развој на вештини низ обуки;
- Кариерен развој.