Adient e еден од најголемите глобални добавувачи на автомобилски седишта со 75.000 вработени на 230 локации во светот, меѓу кои е и Адиент Аутомотиве Струмица, каде произведуваме автомобилски седишта за сите класи на возила за сите големи ОЕМ производители. Доколку сакате да стекнете искуство во меѓународна компанија организирана според најдобрите бизнис практики, да стекнете личен и професионален развој, да ги користите бројните бенефиции, но и да бидете дел од едно возбудливо искуство, приклучете се на нашиот тим со повеќе од 1.300 вработени!
Бараме практиканти
За следниве сектори:
- Човечки ресурси
- Производство,
- Безбедност, здравје при работа и животна средина
- Квалитет
- Логистика
Барања:
- Желба за учење,
- Добри комуникациски и интерперсонални вештини,
- Одговорност,
- Добро познавање на MS Office ,
- Напредно познавање на англиски јазик,
- Способност за работа во тим,
- Ориентираност кон иновации,
- Желба за анализи и истражувања.
Адиент Аутомотиве Струмица на практикантите им нуди:
- Пријатна и мотивирачка работна средина,
- Платена пракса од 3 до 6 месеци,
- Редовна исплата на надоместоци,
- Тренинзи и обуки, можности за професионален раст и развој,
- Можност за вработување по завршувањето на праксата,
- Oбезбеден оброк и превоз, како и други бенефиции.
Силно сме посветени на обезбедување на еднакви можности, инклузивност и разноликост и ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да се пријават за наведените позиции.
Доколку сакате да станете дел од нашиот тим испратете ваша апликација, куса биографија (CV) преку полето Брза Апликација до 20 јуни 2022г. Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост.
Со аплицирањето Вие станувате дел од нашата база на податоци, доколку во самата апликација не го наведете спротивното.
Ќе бидат контактирани само избраните кандидати.