Vrabotuvanje.com - Референт за фактурирање во сектор услуга на клиенти - Скопје - ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Референт за фактурирање во сектор услуга на клиенти

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје

За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје,  која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата Хеленик Петролеум и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:

РЕФЕРЕНТ ЗА ФАКТУРИРАЊЕ ВО СЕКТОР УСЛУГА НА КЛИЕНТИ 

Работни задачи и одговорности:
  • Изработка на фактури за продажба на нафтени деривати и услуги;
  • Обезбедување и комплетирање дополнителна документација на фактурата, архивирање и испраќање на документација до клиентите; 
  • Изготвување на дисконти, одобренија и задолженија за клиентите; 
  • Контрола и проверки на фактури, книжења и дисконти; 
  • Контрола на испратници и друга дополнителна документација на фактурите од материјален и формален аспект; 
  • Извршување на други задачи во доменот на стручната квалификација. 
 
Потребни квалификации:
  • Минимум ССС (средна стручна спрема) - предност ќе има имаат кандидати од економски насоки
  • Работното искуство не е предуслов,  
  • Претходно работно искуство со слична проблематика, работа со SAP информациски систем ќе се смета за предност
  • Активно познавање на англиски јазик 
  • Одлично познавање на МS Office пакетот 
  • Б-категорија возачка дозвола
 
Вештини и способности:
  • Комуникациски вештини
  • Мобилност, ориентираност кон тимска работа
  • Вештина за управување со време
  • Организациски вештини, одговорност и иницијативност
  • Нумерички вештини
  • Доверливост, чесност, лојалност
  • Објективност, непристрасност
 
Нудиме:
  • Работа во позитивна средина со можност за напредување
  • Интерна обука со постојан надзор од менаџерот на секторот 
  • Конкурентна нето плата
  • Работно време: 08 – 16ч; 
  • Организиран превоз од компанијата, до и од работно место 
  • Организирана исхрана од компанијата 
  • Други бенефиции согласно политиките на компанијата.

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги преку полето Брза Апликација и наведете ја позицијата за која аплицирате. 

ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
www.esi.mk 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде