Vrabotuvanje.com - Оператор електричар во сектор движење на нафта и деривати - Скопје - ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Оператор електричар во сектор движење на нафта и деривати

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје

За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје,  која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата Хеленик Петролеум и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:

ОПЕРАТОР ЕЛЕКТРИЧАР ВО СЕКТОР ДВИЖЕЊЕ НА НАФТА И ДЕРИВАТИ (РЕОН СКОПЈЕ)

Работни задачи и одговорности:
  • Одржување и надзор на oпремата и инсталациите од SCADA системите, софтверскиот дел, мерно-регулационата опрема, ниво-мерачите од мерно-регулационата опрема
  • Одржување и надзор на eлектро-пневматска опрема и автоматика, опремата и инсталации за телефонија, озвучување, противпожарна дојава (рачна и автоматска), саатна инсталација, интерфонија, компјутерска мрежа, електронска опрема
  • Контрола на трафостаниците (110 kV,  6 kV и 0,4 kV ) и водење евиденција за констатираната состојба.
  • Отстранување дефекти на електро инсталации и опрема со прирачен алат.
  • Обезбедување напонска и безнапонска состојба на електро опрема
  • Известување на службата за ППЗ во случај на пожар, активирање на стабилниот систем за гаснење на пожар на резервоари по потреба, учество во локализирање на истиот
  • Одржување хигиена во трафостаници и електро подстаници
  • Учество во процесите на работа  во инсталациите за натовар, истовар од авто и вагон цистерни, резервоарскиот парк и пумпните станици по работни задачи зададени од претпоставените.
  • Спроведување на мерките за сигурност и употреба на колективните и личните заштитни средства.

Потребни квалификации:
  • ССП, електротехничар.
  • Стручен испит за ракување со трафостаници и разводни електрични постројки
  • Стручен испит за одржување и сервисирање на електро опрема и инсталации наменети за употреба во простори со експлозивна атмосфера ќе се смета за предност
  • Претходно работно искуство во делот на работа со трафостаници, работа со пумпи, инструментална и друга слична опрема, работа со нафтени деривати, работа на терен ќе се смета за предност
  • Основно познавање на англиски јазик
  • Основно познавање на МS Office
  • Активен возач, Б-категорија

Потребни вештини и способности:
  • Добра психо-физичка кондиција
  • Способност за работа на висина, на отворено, во услови на зголемени испарувања на нафтени деривати, во услови на бучава 
  • Комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, организациски вештини, доверливост, чесност, лојалност, непристрасност, одговорност

Нудиме:
  • Работа во позитивна средина со можност за напредување
  • Интерна обука за работното место 
  • Конкурентна основна нето плата и додатоци на плата.
  • Сменско работење:  три смени 07:00-15:00 прва смена, 15:00-23:00 втроа смена, 23:00-07:00 трета смена.
  • Организиран превоз од компанијата, до и од работно место 
  • Организирана исхрана од компанијата 
  • Други бенефиции согласно политиките на компанијата.

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги преку полето Брза Апликација и наведете ја позицијата за која аплицирате. 

ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
www.esi.mk 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде