За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата Хеленик Петролеум и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:
РЕФЕРЕНТ ЗА ОБРАБОТКА НА НАРАЧКИ ВО СЕКТОР УСЛУГА НА КЛИЕНТИ
- Отварање налози за утовар
- Проверка на финансиската состојба на купувачот
- Изготвување на документи за извоз и реекспорт
- Изготвување на листа на автоцистерни (конвој) наменети за извоз
- Изготвување на испратници и изјави за сообразност при директна испорака
- Скенирање и испраќање на сите подготвени документи за директни испораки и реекспорт до клиентите и шпедитерите
- Контакти со клиенти
- Достава на документи во рамки на ОКТА
- Извршување на други задачи во доменот на стручната квалификација.
- Минимум ССС (средна стручна спрема) - предност ќе има имаат кандидати од економски насоки
- Работното искуство не е предуслов,
- Претходно работно искуство со слична проблематика, работа со SAP информациски систем ќе се смета за предност
- Активно познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на МS Office пакетот
- Б-категорија возачка дозвола
- Комуникациски вештини
- Мобилност, ориентираност кон тимска работа
- Вештина за управување со време
- Организациски вештини, одговорност и иницијативност
- Нумерички вештини
- Доверливост, чесност, лојалност
- Објективност, непристрасност
- Работа во позитивна работна средина
- Интерна обука со постојан надзор од менаџерот на секторот
- Конкурентна нето плата
- Работно време: 08 – 16ч; По потреба се оди во две смени 07 – 15ч и 15 – 23ч
- Организиран превоз од компанијата, до и од работно место
- Организирана исхрана од компанијата
- Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги преку полето Брза Апликација и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
www.esi.mk