КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји во регионот со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.
Поради натамошен развој, компанијата има потреба од:
АСИСТЕНТИ СО ССП
Работните задачи се од следниот делокруг на работење:
- Експанзија
- Кабинет
- Набавка
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование од економска/правна или сродна струка
- Изразени преговарачки и аналитички вештини
- Истакнати комуникациски способности и сигурен настап
- Високо развиени организациски вештини
- Волја за успеси и постигнување на цели со мотивиран тим
- Пожелно е познавање на англиски јазик
- Пожелно претходно административно работно искуство.
Ние Ви нудиме:
- Минимална загарантирана основна нето плата од 19.373 денари, дополнително се исплаќа личен бонус кој зависи од покажаните вештини и успешност во извршувањето на работните задачи
- Обемно воведување во работата со обука која ветува напредок и успех во работата. Интензивно ќе бидете обучувани од ментор и ќе се запознаете со инструменти кои подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојното извршување на Вашите деловни задачи.
- Регрес 30.000 денари
- Слободен ден за роденден
- Платено приватно здравствено осигурување за вработени кои работат над 2 години во КАМ
- Ваучер за склучување на брак; пакет производи за Бадник и Велигден
- Попуст за вработени во хотелот „Вилиџ“ во Охрид
- Работа во интернационална компанија, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини
Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете кратка биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО, Персонален оддел, ул. 35 бр. 39, 1041 Илинден или преку полето Брза Апликација.
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата интернет-страница: www.kam.com.mk
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена, во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.
*Компанијата го задржува правото за промена на износот на регрес