Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Nova Office
Nova Office, современа иновативна компанија за канцелариски и училишни материјали, детски производи, gaming опрема, продажба на тонери и принтери поради понатамошен развој на своите операции и проширување на својата деловна мрежа, распишува оглас за вработување на:
JUNIOR SALES SPECIALIST
Опис на работно место:
Подготовка и презентација на понуди за продажба
Собирање информации за потребите на клиентите и консултации со истите.
Пресметување на цени и подготовка на финални цени за клиенти
Door to Door пристап
Грижа за клиенти на долг рок
Следење на промените на пазарот и конкурентска средина
Развивање на стратегија во одреден сегмент од пазарот
Предвидување потенцијални предизвици на пазарот и проактивно изнаоѓање на решенија.
Спроведување на анализа на пазарот за подобрување на понудите за продажба
Реализација на таргет
Наплата на побарувања од клиенти
Квалификации:
Образование: Пожелно е ВСС
Одлично познавање на Англиски Јазик
Одлично познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point)
Возачка дозвола Б Категорија
Лични карактеристики:
Постигнување резултати врз основа на лични перформанси
Способност за градење професионален однос со клиенти на долг рок
Организациски, презентациски и комуникациски вештини
Аналитички способности
Инцијатива,упорност,одговорност,самомотивираност
Чесност и лојалност на високо ниво
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат преку полето Брза Апликација, да се наведе за која работна позиција се аплицира.
Сите пристигнати апликации ќе се третираат со максимална доверливост
Ќе бидат исконтактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!