Vrabotuvanje.com - Соработник за експанзија - Скопје - Кам маркет
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Соработник за експанзија

Скопје

Рок за пријавување:

  • Кам маркет

КАМ ДОО е најголем синџир маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји во регионот со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени, кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.

Бараме амбициозни вработени, ангажирани и високомотивирани личности кои ќе придонесат за натамошниот успех и развој на нашата компанија. Нудиме возбудливи задачи и проекти во динамична и интернационална средина, а со цел проширување на нашиот тим во сектор Експанзија, бараме личност која ќе ни се придружи на позицијата:

Соработник за експанзија во Македонија
 
Ваши задачи:
  • учествувате во реализација на стратегијата за експанзија на компанијата заедно со членовите на тимот за Експанзија
  • учествувате во анализите на пазарот на земјишта и недвижности релевантни за браншата на малопродажба и согласно концептот на компанијата
  • барате нови локации за проширување на малопродажната мрежа, ги следите движењата на пазарот и развојот на конкуренцијата,
  • соработувате со државната и градската администрација на теми: урбанизам, планирање, градежни дозволи и др. аспекти кои даваат можност за отворање нови продавници
  • преговарате со потенцијалните сопственици, подготвувате договори за закуп и ги следите до нивна целосна имплементација (од потпишување на договори за закуп до отворање продавници)
  • ги следите јавните понуди на недвижности
  • ги следите договорните обврски во врска со недвижностите
  • правите анализа на режиски и комунални трошоци за недвижностите
  • поднесувате месечни извештаи и повремени презентации на недвижности
  • извршувате општи административни задачи.
 
Вашиот профил:
  • високо образование со економска, градежна или правна насока
  • минимум работно искуство од 2 години на иста или слична дејност ќе се смета за предност
  • одлично познавање на MS Office пакетот; пожелно и AutoCAD (или др. слични алатки)
  • аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси
  • педантност, организациски способности и комуникативност
  • волја за успеси и постигнување на цели со мотивиран тим
  • активно познавање на англискиот јазик
  • поседувате возачка дозвола Б-категорија
 
Ние нудиме:
  • обемно воведување во работата со обука која ветува напредок и успех во работата. Интензивно ќе бидете обучувани и ќе се запознаете со инструменти кои подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојното извршување на Вашите деловни задачи
  • Почетна загарантирана нето плата од 32.288 денари во првите два месеца, од третиот месец нето плата до 44.000 денари
  • Регрес 30.000 денари
  • Слободен ден за роденден
  • Платено приватно здравствено осигурување за вработени кои работат над 2 години во КАМ;
  • Ваучер за склучување на брак; пакет производи за Бадник и Велигден
  • Попуст за вработени во хотелот „Вилиџ“ во Охрид
  • Работа во интернационална компанија, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини.
 
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул.35 бр.39, 1041 Илинден или преку полето Брза Апликација.
 
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница
 
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде