Групацијата Малиќи, е синоним за лидерство на пазарот во индустриите во кои работиме според врвните светски трендови, иновации и стандарди во Македонија, Албанија и Косово. Водени од амбицијата за нови деловни потфати и желбата да освоиме што повеќе пазари и клиенти, го проширивме опсегот на работа во неколку сегменти, како дистрибуција, хотелиерство, градежништво, станбено управување. Сите вработени кои се дел од оваа приказна се посветени на исполнување на мисијата и визијата и се водат од воспоставените вредности во исполнувањето на целите и процесот што води до нив. Цврсто веруваме дека сите наши компании и нашиот тим вработени заедно можат да испорачаат повеќе, поефикасно и поуспешно, црпејќи знаења и вештини едни од други, меѓусебно надградувајќи се и давајќи им можност на сите подеднакво да учествуваат во давање идеи и создавање нови деловни можности.
Доколку имате одлични комуникациски способности, сакате работа со луѓе, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Малиќи групацијата, на следната работна позиција:
СМЕТКОВОДИТЕЛ
- Контрола при прием, книжење и контирање на влезна/излезна материјална и финансиска документација.
- Контрола на книжењето на трансакциите.
- Пресметка/изработка на пријави за ДДВ и Персонален данок и поднесување на истите во УЈП, изработка и доставување на документација за Народна банка и други релевантни институции.
- Изработка и контрола на финансиски извештаи за тековно работење.
- Следење и спроведување на законски процедури и легислативи (ДДВ, персонален данок, данок од добивка и сл. и нивна примена).
- Контрола на целокупната сметководствена евиденција.
- Изработка, поднесување и потпишување на Завршни годишни сметки и ДБ.
- Активно учество во процесот на Годишна ревизија.
- Одлично познавање на материјално сметководство.
Потребни способности и компетенции:
- Работно искуство
- Образование ВСС – Економски факултет
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
- Одлични аналитички и организациски способности
- Мотивирана, стабилна, одговорна и посветена личност,
- Флексибилност за индивидуално и тимско работење
Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку полето аплицирај со назнака за ,,Овластен сметководител”.