КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.
- Идентификување на можности за заштеда, нивна реализација во согласност со поставените таргети на КОСТАЛ групацијата како и евиденција на заштедите на месечно ниво во системите на КОСТАЛ.
- Одговорност за селекција на добавувачи за репроматеријали потребни за производството на КОСТАЛ.
- Годишни преговори со добавувачи за остварување на таргетите за заштеди.
- Преговарање во однос на условите во стандардните договори на КОСТАЛ групацијата (Warranty Agreement, Terms and Conditions, Logistics and Quality guidelines) како и преговарање на цените како дел од долгогодишните договори за набавки на директни материјали со нови и постоечки добавувачи во согласност со валидните упатства во КОСТАЛ групацијата
- Селекција на добавувачи на директни материјали и компоненти според правилата и процедурите на КОСТАЛ групацијата
- Изработка на “cost break down” анализа за негативните промени на цените и репортирање на резултатите од таквата анализа до Менаџерот за набавки.
- Проактивно учество во проектните тимови за промена или иплементација на нови директни материјали, со цел материјалите да бидат навремено набавени според временската линија во проектот со минимален ризик и трошоци на застареност од постоечкото портфолио на одобрени добавувачи.
- Активна соработка со одделението за квалитет на добавувачи при оценка на постоечките и потенцијални добавувачи и нивните системи за квалитет осигурувајќи дека истите се способни да го обезбедат нивото на квалитет на материјалите кои ги испорачуваат до КОСТАЛ.
- Учествува во изготвување на краторочни и долгорочни планови за директни материјали на фабриката како и следење на реализацијата во однос на план.
- Изготвување на анализа за ризици за добавувачите според валидните инструкции во КОСТАЛ групацијата.
- Следeње и идентификување на можности за подобрување на перформасите на добавувачите за директни материјали во согласност со IATF 16949 и ISO 14001 стандардите за квалитет како и подготовка на планови со корективни мерки за развој на добавувачите, доколку е потребно.
- Изготвување на нарачки и рамковни нарачки за потребните материјали во согласност со “Purchasing Terms & Conditions”
- Поддршка на сите засегнати одделенија во случај на проблеми при испорака на материјали и обезбедување на соодветна реакција од страна на добавувачот во дадената критична ситуација.
- ВСС од техничките науки или економски науки
- Најмалку 3 години искуство во набавки на директни материјали преферирано во автомобилска или слична индустрија.
- Напредно работење во SAP MM Module ќе се смета за предност.
- Искуство со комплексни ценовни преговори и анализи на трошоци ќе се смета за предност.
- Искуство со комплексни системи за снабдување и логистика ќе се смета за предност.
- Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook);
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Спремност за патување и подолг престој на обука во странство.
- Конкурентни примања на македонскиот пазар;
- Здраво и безбедно работно опкружување;
- Приватно здравствено осигурување;
- Сигурност на вработувањето;
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;