КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
Оператори во производство (Manufacturing Operators)
Работни задачи и одговорности:
- Работа на производна линија, со зададени норми
- Операторот во производство репортира до Лидерот на линија и Сменскиот водител во одделот.
- Следење на инструкции за работа и работни упатства
Образование, искуство, вештини:
- Средно образование
- Способност за работа во 4 смени
- Способност за следење и усогласување со упатствата дадени од претпоставените
Што обезбедуваме:
- Конкурентни примања на македонскиот пазар;
- Здраво и безбедно работно опкружување;
- Приватно здравствено осигурување;
- Сигурност на вработувањето;
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување “Oператор во производство" преку полето Брза Апликација.
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.