Vrabotuvanje.com - Хотелски персонал - Струга - МАКПЕТРОЛ АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Хотелски персонал

Струга

Рок за пријавување:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 
   За вработување на работници во хотел „Макпетрол“ во Струга во Хотели во Неенергетски комерцијални дејности на определено време од 3 (три) месеци, и тоа:
 

Хигиеничар/Собарка – 1 работник

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Стекнато основно училиште;
  • Со или без работно искуство;
  • Познавање на странски јазик;
  • Основната плата изнесува 20.500 денари​​.

Општ работник – 1 работник

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Стекнато основно училиште ;
  • Со или без работно искуство;
  • Основната плата изнесува 20.500 денари.

Работното време за горенаведените работни место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

 

Заинтересираните кандидати треба да достават:

Писмо за мотивација;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
Уверение од кривична евиденција;
Препорака од претходен работодавач.
 
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
лице за контакт: Симе Манчески
телефон за контакт: 02/3146-532
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде